Living - Skopje East Gate

ПОЧНЕТЕНОВ СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ

интерактивна мапа брошура

Повеќе од нов дом

Замислете утра опкружени со раскошно зеленило, да имате се што посакувате на само чекор од вас и да бидете дел од новиот урбан ритам на градот.

Да се биде дел од East Gate Living е повеќе од купување нов дом, бидејќи станувате дел од визијата за Skopje East Gate која подразбира нов стил на модерно живеење.

672

станбени единици

25.000 m2

зелена површина

20

типа на уникатни станови

50 m

растојание меѓу згради

Financial Union Skopje – Unionnet, агент на Western Union во Македонија, е инвеститорoт кој стои зад изградбата на зградата А1 на станбениот комплекс East Gate Living. Процесот на изградба и продажба е предводен од Ист Гејт Ливинг, кој е дел од БАЛФИН Групацијата ((Balkan Financial Investment Group), една од најважните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан.

Ист Гејт е дел од Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација), една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, БАЛФИН Групацијата е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Холандија, вработувајќи приближно 6.000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.

АК-ИНВЕСТ има единствена цел, а тоа е да им понуди и испорача иновативни, ефикасни и флексибилни услуги и решенија на нашите клиенти. Ние сме посветени да ја завршиме работата за да може ефикасно да ги достигнете вашите цели. Нашиот меѓународен тим на експерти може да управува со сложена логистика и операции кои го поддржуваат нашето портфолио на услуги каде било и кога било да се потребни. Имаме исклучителни вработени со специфичен сет на вештини што доследно ги исполнуваат стандардите за безбедност, квалитет и професионални услуги на АК-ИНВЕСТ.

Основањето на успешната семејна бизнис приказна “SMS Construction” започна во 1996 година и се раскажува до ден денес. Приказната започна со градење и создавање на високи вредности – сигурност, квалитет, стабилност, грижа за животната средина. Градиме индустриски, станбени и деловни објекти, од идејно решение до “клуч на рака” следејќи ги највисоките современи стандарди. Ние никогаш не правиме компромиси, за нас квалитетот не е избор туку обврска, а задоволството на клиентот е наша најголема мотивација.

ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

Почнувајќи од становите со просторни зелени градини, па сè до oтворените површини на каскадните тераси разиграни по спратовите на секоја зграда, нема поглед што не е збогатен со зеленило.

Оддалеченоста меѓу зградите од 50 m дава совршена можност за уживање во зелените површини каде што станарите и посетителите ќе може да се релаксираат на кратка прошетка, а секој родител да ужива гледајќи ги своите деца како слободно си играат на детските игралишта на отворено, веднаш пред својот дом.

УНИКАТНИ СТАНОВИ

Покрај становите со идеално обмислени просторни решенија кои почнуваат од 42 m2 меѓу кои може да изберете дом со една до три спални соби, East Gate Living нуди избор на уникатни станови кои достигнуваат и до 210 m2. Почнувајќи од становите на приземје со пространи тераси и зелени површини, па сè до становите со големи тераси кои се поставени на сите каскадни спратови, како и уникатните дуплекси, во East Gate Living ќе најдете богат избор на уникатни станови.

СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ

Почнувајќи од првокласните материјали за под, плочки и санитарија, па сè до изборот на материјали за топлотна и звучна изолација, можете да бидете сигурни дека вашиот дом ги следи високите стандарди за квалитет и А+ енергетска ефикасност. Секој стан ќе биде опремен со Smart Home системи кои го следат вашиот ритам на модерно живеење, а со мулти-сплит системот за климатизацијата за ладење и греење ќе имате контрола врз температурата во секоја просторија за комплетна удобност.

НА САМО ЧЕКОР ОД ВАШИОТ ДОМ

Дел од практичниот аспект да се биде дел од East Gate Living e да не мора да се грижите каде да најдете сè што ви е потребно за домот, за себе или за најблиските. Веднаш до вашиот дом имате на располагање широк асортиман на продавници од најразлични категории, како и голем супермаркет, салон за убавина, фитнес центар, салон за домашно уредување и продавница со секаков тип електроника и бела техника, како и голем број услужни дејности на ваше располагање во секое време (банки, пошта, и сл.)

СОВРШЕНА ЛОКАЦИЈА

Лоциран на само 5 минути од центарот на градот, Еast gate Living има одлична поврзаност. Близината на булеварот „Александар Македонски“, ви нуди директна поврзаност до меѓународниот автопат Е-75 и Е-76 преку М4, со што ги избегнувате сите сообраќајни метежи кога одите на пат или се враќате дома во Скопје. А доколку планирате да патувате со авион, меѓународниот аеродром ви е на само 15 мин оддалеченост со автомобил.

Марија Закоска

+389 71 381 051

Игор Зиков

+389 71 381 030

marija.zakoska@seg.mk

Игор Зиков

+389 71 381 030

Марија Закоска

+389 71 381 051

igor.zikov@seg.mk

Лиридон Џемаили

+389 71 319 090

Ариф Таири

+389 71 868 607

contact@akinvest.mk