февруари 2021 - Skopje East Gate

Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“

Светскиот моден магнат од Шпанија, Групацијата Индитекс ќе  закупи деловен простор за сите свои брендови, со што популарната седморка: ZARA, ZARA HOME, ОYSHO, Мassimo Dutti, Berschka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најде на само едно место во „Ист гејт мол“.

Групацијата Индитекс постигна договор со „Ист гејт мол“ за историски најголемиот закуп на малопродажен деловен простор во Македонија. Договорот предвидува закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за сите седум брендови. За првпат на пазарот Групацијата Индитекс во „Ист гејт мол“ ќе се појави со брендовите ZARA HOME  и OYSHO, а брендот ZARA ќе се простира на повеќе од 4.600м2 со што станува најголемата ZARA во целиот регион.

Со оваа трансакција „Ист гејт мол“ стратешки се позицинира како една од клучните малопродажни дестинации во регионот, обезбедувајќи притоа предуслови за стабилни инвестициски параметри на ниво кое вообичаено се бара од инвеститорите кои вложуваат во ваков тип недвижнини.

Со ZARA HOME, „Ист гејт мол“ станува идна водечка дестинација за додатоци во домот при што купувачите ќе добијат можност да ги следат најновите трендови во ентериерниот декор и да имаат пристап до најновите колекции во ист момент кога ќе се појават на пазарот.

OYSHO e специјализирана модна марка за удобна примарна гардероба за дома, за спортски активности, како и квалитетна долна облека. Нивните колекции се создадени за жените и ја следат линијата на мода и елеганција со удобност и квалитет.

Продавниците ќе бидат изградени според најновиот дизајн, автентичен на современиот имиџ на ZARA HOME и OYSHO ширум светот.

Форматот на продавниците на Групацијата ИНДИТЕКС во „Ист гејт мол“ налага сите брендови да се презентираат со целото свое продуктно портфолио, обезбедувајќи со тоа широка палета на производи и диверзифитет во понудата пред македонските потрошувачи.

,,LPP” модните брендови од централна и источна Европа ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје

,,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.

,,LPP SA” е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка.

,,LPP SA” е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 – кругот на најсилните полски компании, а акциите на ,,LPP SA” се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска.

Олга Јосевска, Регионален менаџер на ,,LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово, изјави: ,,Среќни сме што ги отвораме првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар  во која ја нудиме нашата мода. Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови.

Н.Е. Амбасадорот на Република Полска во Република Северба Македонија, Војциех Тицињски, изјави: ,,Огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.”

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на LPP со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендови во модниот сегмент за жени, мажи и деца. Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата LPP со над 6.500м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар.