East Gate Creators - Гоце Стеваноски - Skopje East Gate
20.04.2021 - 10:45

East Gate Creators – Гоце Стеваноски

Разговараме со Гоце Стеваноски – тенант координатор во Скопје Ист Гејт.

МОЈАТА ФУНКЦИЈА е тенант координатор, односно менаџирање на потребите на закупците со нормативите за проектирање и изведба со цел надминување на монотонијата во дизајнерски понуди.

СО СЕБЕ НОСАМ ИСКУСТВО oд еден успешно реализиран мол и одбранета магистерска теза за субурбан хибриден шопинг мол, но во оваа позиција најмногу од корист е искуството од менаџирање со проекти во сите фази и позиции на реализација.

Изработката и изведбата на објекти и предмети од висок естетско-економски ранг се проткајува низ генерации во моето семејно дрво, така да, неизбежно е во оваа ера да не се најдам во сублиматот на високи инженерски достигнувања и високата мода односно во ултра модерните шопинг молови.

МОЈОТ РАБОТЕН ДЕН ЗАПОЧНУВА СО кратка и весела консултација и стимулација со колегите кои ја влечат „кочијата“ да оди побрзо и полесно. Потоа следи реализација на позициите кои ќе ја донесат победата на денот за да на крај се завршат кратките и шаблонски операции. Во овој период вон комуникацијата со административно-техничкиот кадар од СЕГ коминицирам со 10 преставници на закупците. Мојот таргет се 80 закупци, доколку го надминам овој број јас би бил пресреќен.

EAST GATE MALL ЗА МЕНЕ ПРЕТСТАВУВА уште едно од моите чеда во кој ги вложувам сите напори за да од него изградам симбол за гордеење рамноправен со најголемите светски рангови.

Ист Гејт е најубавото нешто на Скопје што му се случило во последниве 20 години. Тешко е да се биде визионер во вака рапидно променливи времиња, но сепак мислам дека и во наредните 20 години нема ништо поубаво да му се случи Скопје. Ист Гејт ќе го држи приматот барем уште четвртина век.

Инспирацијата е она што не ме остава да се наспијам односно нетрпението да го видам Ист Гејт блеснат во сета своја раскошност.

Chi soffre per amor, non sente pene. (Кој боледува од љубов, не чувствува болка) односно во контесктов, ништо не е тешко кога се работи со љубов.