Shopping - Skopje East Gate

ПОСТАВУВАМЕ НОВИ СТАНДАРДИЗА ВРВНО ШОПИНГ ИСКУСТВО И ЗАБАВА

Погледни го видеото Design your flat

новиот ритам на градот

Еast Gate Mall e замислен како нов урбан ритам на градот. Како најголем центар за шопинг, култура и забава во регионот, East Gate Mall ќе биде вашето место каде ќе уживате во врвно шопинг искуство со богат избор на повеќе од 220 брендови. Место каде ќе се забавувате со своите најблиски, каде што ќе уживате во нови гастрономски вкусови и уникатна кафе-култура.

220

БРЕНДОВИ

5

спрата

57.000 m2

бруто-површина за изнајмување

2.000

паркинг-места
Уникатен дизајн

Почнувајќи од уникатниот дизајн на фасадата, па сè до импресивните аркади и стаклениот покрив на East Gate Boulevard со елегантните и пространи излози, секој дел од East Gate Shopping нуди уникатно искуство каде што ќе се чувствувате пријатно и ќе уживате во секој момент, без разлика дали сте дојдени за шопинг, забава или добро кафе со пријателите.

Врвно шопинг-искуство

Еast Gate Mall ќе понуди врвно шопинг искуство со широк асортиман на продавници и избор од повеќе од 220 брендови; oд хипермаркет до место каде што ќе најдете сè за вашиот дом, најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника, како и голем број на услуги на ваше располагање во секое време.

Ресторани и брза храна

Во секој момент ќе имате и место каде да уживате во нови гастрономски искуства благодарејќи на богатиот избор на ресторани и оддел за брза храна со 800 седишта.

Café авенија

Уникатниот концепт на Café авенијата во East Gate Mall ќе нуди бројни кафе-локали на отворено каде што ќе имате место каде да се опуштите со пријателите на добро кафе.

ИДЕАЛНА ПОВРЗАНОСТ

Лоциран на само 5 минути од центарот на градот, Еast Gate Mall има одлична поврзаност со сите делови на Скопје преку 5 автобуски линии со фреквенција на секои 5 минути.

Дополнително, близината на булеварот „Александар Македонски“, нуди одлична регионална поврзаност благодарение на пристапот до Е-75 и Е-76 преку автопатот М4, што е особено значајно за заштеда на време секогаш кога излегувате од Скопје.

февруари 2021

Процес на изградба

Секој месец ве известуваме како напредуваме со изградбата на проектот Skopje East Gate проектот. Погледнете го видеото за да видите која фаза е реализирана заклучно претходниот месец.

Контактирајте нѐ

За повеќе информации околу процесот на издавање, ве молиме пополнете ги информациите подолу и нашиот лизинг-агент ќе ве контактира во најбрзо време.

    ЕКСКЛУЗИВЕН ЛИЗИНГ-ПАРТНЕР

    +389 (2) 3101 000

    egm@cwforton.mk

    www.cwforton.mk