март 2021 - Skopje East Gate

East Gate Creators – Климент Малески

Со повеќе од 20 години меѓународно искуство во областа на градежништвото, Климент Малески е дел од инженерскиот тим на Скопје Ист Гејт. Во неговото портфолио, покрај проектите во Македонија како Сити Мол, Хотел Бест Вестерн, Хотел Холидеј Ин, Хотел Фламинго и Амбасадата на Англија, се вбројуваат комплексни и маркантни објекти како Smart Hights Tower, Sidra Fraiser Hotel and Suits Tower; Badrah Vilage од Water Front во Дубаи, како и Shemoukh Towers; Lusail RESG Tower; Lengham 5 во Катар.

По 20 години работа на инженерски проекти и повеќе висококатници на Блискиот исток, мојата работа ме враќа во Скопје да го применам сето мое знаење во проектот Скопје Ист Гејт“ со цел тој да стане реалност и кој го градиме по највисоките критериуми за квалитет во градба. 

ЈАС СУМ дел од тимот кој го гради најимпозантниот проект во Македонија во моментов. Ангажиран сум како проектен менаџер и координатор на инженерскиот тим. Предизвикот го прифатив со посебно задоволство и заради инвеститорите за кои претходно работев.

Мојот ангажман севкупно ги покрива и заокружува како градежно архитектонските дисциплини, така и трите фази: електрика (јака слаба струја), водовод, машинство, вклучувајќи ги пратечките плински и топлификациски системи. Секојдневни активно координираме процеси на објект сo изградена површина од 160.000м2, кои на крајот мора да резултираат со совршена усогласеност и функционалност. Олеснителна околност во сето тоа е што работам со тим од одлични инженери, целосно посветени на предизвиците, кои секојдневно несебично и безусловно ме пратат и подржуваат во мојата работа.

ОВОЈ ОБЈЕКТ Е ПОСЕБЕН поради исклучителната комплексност и неговите димензии, кои се голем предизвик за секој инженер во градежништвото. Го градиме со позитивна енергија и посветеност за секој негов детал. Нашето мото е ,,Тhe road to success is always under construction” односно дека успехот е континуирана работа.

ДОБРО координирана работа значи пред сè тимска игра. Инженерството не е за индивидуалци. Потребна е голема посветеност и фокусираност, како на инженерскиот тим, така и на ангажираните изведувачи со нивната спремност и екипираност. Имено, на овој проект се инволвирани повеќе од 10штина водечки изведувачи so приближно 600 директни изведувачи, бројки кои во периодот што претстои сè повеќе растат. И секако, покрај сето планирање и детална анализа, самото искуство и знаење играат голема улога.

Сето тоа понекогаш ме асоцира на стилот на креирање на Никола Тесла и неговите изуми за кои не правел цртежи и не правел макети, туку во главата креирал цртеж, по него мисловно го создавал уредот, го тестирал и го пуштал да работи. Во 20 години работа, резултатите на мисловните испитувања и испитувањата во лабораторија секогаш давале исти резултати. Таа пракса ја имаме во инженерскиот тим, а ја здобивме преку динамиката на работата и искуството.

УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА на проект е балансот меѓу време, квалитет, прецизна координација и навремено планирање.

МОЈА ИНСПИРАЦИЈА е мојот татко инженер  od Гранит – Високоградба , по чии стапки и тргнав. Учев според принципите на кој тој ме научи од мали нозе, дека научниците сонуваат за големи нешта, а инженерите ги прават.

МОЈАТА ПОРАКА е работете од срце и не заборавајте да уживате во работењето!

EAST GATE CREATORS

Ви ја претставуваме рубриката East Gate Creators. Исклучителен тим на посветени професионалци кој го вложуваат сето свое искуство и својот максимум во проектот Ист Гејт. Прочитајте ги нивните приказни кои ќе ве допрат и инспирираат да постигнете повеќе.

Чест ни е првото интервју да го посветиме на една исклучителнa жена и професионалец во својата област, Десанка Перлаш. Прочитајте повеќе за неа на следниот линк.

East Gate Creators – Десанка Перлаш

Oва е мое прво интервју. Никогаш не сум сакала да се експонирам во јавноста, никогаш не сум зборувала за себе ниту за својата кариера.

Зошто сега се сложувам за интервју? Затоа што Ист Гејт е најголемиот и најимпозантен проект на кој имам можност да работам. Ист Гејт е голем предизвик каде многу инжењери би сакале да се видат себеси во неговата реализација, и секако голема благодарност до сопствениците кои ми ја доверуваат оваа одговорност и кои ми ја дадоа оваа можност. Со оглед на долгиот период од 10 години на реализација на целиот комплекс, можам да кажам дека Скопје Ист Гејт е моја кариерна завршница.

ЈАС СУМ во срце оперативец. Го сакам адреналинот кој го носи оперативната работа. Не се доживував никогаш во проектирање, затоа што сакам потешка и попредизвикувачка работа. Посложено е да бидеш оперативец. Сум работела на десетици позиции, од супервизор сѐ до директор во професионалното изведување, но ако треба да се родам повторно, ќе бидам потворно оперативец и повторно изведувач.

МОЕТО ИСКУСТВО започна откако дипломирав на архитектонскиот факултет во Скопје далечната 1976 година, а почнав да работам во 1979 година во градежното претпријатие Бетон, кој ми го довери првиот предизвик изградба на две амбуланти ,,Тоде Мендол” и ,,Перо Чичо” во Куманово. Во Бетон работев 20 години првенствено на високоградба. Во Бетон имаше тим од искусни  инженери од старата школа од кои многу научив посебно за градењето на објекти во високоградба. Бевме присутни и надвор од Македонија со проекти од Скопје до Белград. Во Белград работев на проекти на станбени комплекси во Мирјево и Нов Белград.

Мојот втор предизвик беше нискоградбата преку проектите кои ги работев во ГП Гранит. Со задоволство работев на регионални и автопатски делници, надворешни атмосферски и фекални мрежи, пречистителни станици ширум Македонија. Посебен предизвик ми беше  проектот во  Хрватска односно Ријека каде успешно завршивме три вијадукти: Велики, Мали Свиб и Мелник пред самиот влез во Риека-Гробник на автопатот Загреб–Риека. Во Москва се калев на внатрешни уредувања и завршни работи, каде работев една година.

Од 2010 година се најдов на повеќе проекти во повеќе градови во Косово каде работев на  резервоари за вода, атмосферска, фекална канализација, пречистителни станици.

Последните десетина години повторно работам во високоградба на проектите станбени објекти како Сити Тауер, Прокредит банка, Вип/А1 и од 2019 сум активна на овој проект.

МОЈА ИНСПИРАЦИЈА се луѓе со визија, врвни професионалци, луѓе што ќе воодушеват со знаење и искуство. Такви личности сретнав во ГП Бетон, кои ми дадоа пример како треба да изгледа еден инжењер.

МОЈОТ ПРИДОНЕС ВО Ист Гејт Мол е да советувам и да ја следам изведбата на објектот во соработка со нашиот тим од 10-тина инженери, заедно со тимот на надзорните инженери од ГИМ и секако огромниот тим на изведувачи со цел успешно да ја завршиме изградбата на најголемиот трговски центар на македонските простори – Ист Гејт Мол.

Молот е најмаркантниот објект од повеќенаменскиот комплекс Ист Гејт  чии содржини се простираат на површина од 160.000 м2. Сето мое искуство го внесувам во овој проект, преточам на помладите генерации.

ОВОЈ ГРАДЕЖЕН ГИГАНТ Е ПРЕДИЗВИК ЗА ИНЖЕЊЕРИТЕ затоа што објектот се состои од осумнаесет целини поставени на темелни плочи разместени во три реда, а раздвоени со дилатации во двата правци. Објектите во трговскиот центар се хоризонтално поставени на површина од 200м х 180м или 36.000м2 кое бара посебен пристап кон изработката на конструкцијата и посебна методологија на изградба. Тоа е енормен предизвик да се изведе армирачко бетонската конструкција и тоа во период од 1 год и 2 месеци, и една огромна организација. Подвлекувам – навистина голема организација. Секако работата не е завршена со конструкцијата, следат уште многу други позиции вклучително и инсталациони фази, како и фасади , ентериер за конечно завршување на трговскиот центар. За да се функционира како треба потребна е пред се добро разработена динамика која треба да се следи, секојдневна координација со сите тимови и учесници во градбата. На секојдневните работни состаноци се разработува динамички план, ако закочило нешто треба да се реши и да се процесира натаму, ако треба да се направи промена да се работи со проектантите. Сево ова бара концентрација, енергија, следење и предвидување, бара информации. Бара да се симулираат сценарија. Секојдевно има потреба нешто да се усогласува. Секој во Тимот си ја знае својата работа.

КООРДИНИРАМ многу процеси и сум во постојана комуникација со триесетина луѓе. Сите термински планови ги знам наизуст. Јас и тимот сме во постојана соработка со надзорот од ГИМ, со оперативата, армирачите, кошуљичарите, машинците, електроинженерите, водоводџиите и целиот МЕП. Живееме во интензивна координација и планираме за најмалку една недела.

Сѐ треба да биде естетски издржано, навремено и изведено по сите стандарди кои се бараат во градежништвото – и ова е можно со исклучително искоординирана работа, инаку би се правеле многу грешки. Секојдевно има потреба нешто да се усогласува. Секој во Тимот си ја знае својата работа.

ОПЕРАТИВА значи да го почуствуваш како објектот ти тече во вени, да си страстен кон твојата работа, да најдеш решение, да си брз и ефикасен. Значи присутност. За еден објект да се реализира, треба да бидеш со него, да бидеш таму, да гледаш како расте, да го гледаш како се реализира, да го преточиш планот во реалност, да направиш организација. Без оглед на мал или голем проект, оперативата е иста. Можеш да наидеш на големи проблеми и кај најмалите изведби, кои мораш да ги  решиш. Треба да си многу напред за да предвидиш, оти во градежништвото сме во постојана трка со времето.

НАЈВАЖНО ВО ОПЕРАТИВАТА е тимот со кој работам. Мојот тимот е клучен. Неможеш ништо сам. Мојата работа е да се води, но не да се импонира. Мојата ролја е да давам правец, да ги поставам вистинските прашања, да ги ослободам помладите инженери да зборуваат. Треба да ги соберете и да ги почитувате сите мислења. Оперативните состаноци постојат за да се разговара, да се земат сите инжењерски мислења во предвид и да се направи добра организација. Така се работи на објект.

ЗА ДА СТАНЕШ ЛИДЕР треба да имаш и физичка и ментална подготвеност и капацитет. Да сакаш да работиш со најтешките елементи, да ги ставиш рацете во калта, да ја опфатиш целата работа па потоа да делегираш, но не да лидеруваш. Во мојот дел не значи дека само треба да бидеш проектант, туку да знаеш да изведуваш. Најстратешката работа е да направиш добар динамички план, а тоа се стекнува со години, со предизвици, проекти и луѓе на кои им веруваш.  БАЛАНС ПОМЕЃУ РАБОТАТА И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ се постига само кога ќе одбереш да ставиш фокус на она што е приоритет. Ангажманот во оперативната работа бара да си постојано со објектот, но и покрај тоа јас не престанав да бидам посветен родител и мајка на две прекрасни ќерки кои израснаа во прекрасни личности и го наследија мојот однос кон работата.

Премиерот Заев во посета на „Ист Гејт Мол“

Високи претставници на Владата на Република Северна Македонија, предводени од премиерот, г-дин Зоран Заев, Вицепремиер на Република Македонија, одговорен за економски прашања и координација со економските сектори, г. Фатмир Битиќи, Министер за економија, г-дин Крешник Бектеши, Министер за транспорт и патишта, г-дин Благој Бочварски, како и Градоначалникот на општина Гази Баба, го посетија денеска градилиштето на трговскиот центар Ист Гејт.

Домаќин на високите претставници на Владата беше г. Самир Мане, претседател на Балфин Групацијата и акционер на Скопје Ист Гејт, г-дин Арсим Папранику, член на Управниот одбор, како и Извршниот директор, г-дин Игор Давков, кој објасни за напредокот во градежниот процес и кој информираше за структурата, големината, закупците и активностите.

Премиерот, г-дин Заев, изрази задоволство да биде еден од првите посетители во Ист Гејт Мол, најмодерниот трговски центар на Балканот, кој привлече значајни имиња на брендови од целиот свет. Бидејќи е најголем во регионот по својата бруто површина за изадавње и мешавина на активности, трговскиот центар покрај редовните купувачи ќе привлече многу странски посетители и патници во транзит.

,,Горди сме што Ист Гејт Мол носи реномирани брендови во нашата земја: 250 локални и меѓународни трговски марки. Тоа значи нови работни места кои се совпаѓаат со нашите напори да создадеме поволна работна атмосфера за добро платена работна сила и привлекување нови инвестиции. Градежната индустрија развива 70 активности и значително придонесува за БДП и создавање нови работни места “. – наведува премиерот Заев.

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт изјави: ,, Ист Гејт Мол е трговски центар од новата генерација кој развива бруто површина од 160.000м2 и ќе се простира на 5 нивоа и ќе располага со 57.000м2 вкупна површина за изнајмување. Со објект од вакви димензии, Скопје добива најголем мол во регионот кој ќе биде новото место за излегување, забавување и шопинг. Припаѓа на таканаречените “центри-дестинација” заради тоа што нуди повеќе содржини на едно место: широк избор на мода и уникатни брендови, услуги, игротека, 8 кино сали, 7 фини ресторани, оддел за брза храна со 800 места, хипер маркет, салони за мебел и бела техника, и ќе биде единствен мол со опкружување од зелени паркови кои чинат површина од 12,000м2. Воедно со проектот се развиваат инфраструктурни добра како нови улици, нови приоди кон автопатот, осветлување, зелени појаси и паркови. Вкупната инвестиција на Скопје Ист Гејт е 350 милиони евра, а вкупната инвестиција на Ист Гејт Мол изнесува само 103 милиони евра“.