вашиот бизнис заслужува повеќе
East Gate Business претставува уникатен концепт на деловен парк кој ги има преточено сите ваши потреби во идеално место за продуктивна работна средина.
5
А-класа згради
90.000 m2
бруто-површина
50.000 m2
вкупна површина за издавање
678
паркинг-места
Лоциран на само 5 минути од центарот на градот, Еast Gate Business има одлична поврзаност со сите делови на Скопје. Дополнително, близината на булеварот “Александар Македонски“ нуди одлична видливост и регионална поврзаност благодарение на пристапот до Е-75 и Е-76 преку автопатот М4, со што имате брз пристап до сите регионални патишта и до аеродромот Скопје кој е на само 15 минути оддалеченост со автомобил.
Секоја зграда нуди опција за персонализирани решенија според потребите на вашиот бизнис, како спојување на простории и комбинирање на спратови за да го креирате идеалниот простор за потребите на вашиот тим и бизнис.
East Gate Business ви нуди слобода за уредување на внатрешниот простор според потребите на вашиот бизнис. Ќе имате можност однапред да го дефинирате просторното уредување со цел да создадете пријатна и продуктивна работна средина за вашите вработени и вашиот бизнис.
Секоја зграда има директен и лесен пристап до подземна гаража со обележани паркинг места за вашиот тим и за вашите бизнис-партнери.
Контактирајте нѐ
За повеќе информации, ве молиме пополнете го формуларот подолу и ќе ве контактираме во најбрзо време.